Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АПЕЛ ОД СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, апелира до сите граѓани да се воздржат од организирање настани и верски манифестаци што би значело непочитување на донесените мерки за заштита од Ковид- 19.

- Вработените во ЗДРАВСТВОТО, заедно со вработените од полицијата и одбраната, БЕА, СЕ И ЌЕ ОСТАНАТ на првата борбена линија на заштита на здравјето на граѓаните, но во надминување на состојбата ни е потребна заедничка соработка и солидарност со сите вас...

- Упатуваме апел до сите вас, не го загрозувајте нашето здравје и здравјето на нашите и вашите семејства со непочитување на мерките...

- Вработените во здравството несебично го даваа својот придонес во изминатиот период ризикувајки ги и своите животи, дел и заболеа од вирусот за да спасат други животи, па затоа е неопходно да не дозволиме ширење на вирусот, да ги почитуваме мерките и заедно да бидеме победници.

Само така можеме да ја извојуваме победата и што побрзо да го вратиме нормалното живеење.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.