Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АПЕЛ ОД МПС

Македонскиот полициски синдикат од името на сите вработени во Министерството за внатрешни работи апелира до лидерите на верските заедници и сите граѓани да се воздржат од организирање на верски манифестации, настани или да поттикнат собирање на граѓани и на било каков друг начин да не се почитуваат донесените мерки за заштита од КОВИД 19.

Изминатите три месеци, заедно со здравствените работници деноноќно работиме на ваша заштита, на заштита на вашите и наши семејства Постапувавме со грижа кон секој од вас и со подадена рака да си помогнеме едни на други.

Упатуваме апел до сите вас, воздржете се од непочитување на мерките, воздржете се од повик на собири и други облици на загрозување на здравјето на граѓаните.

Не заборавајте и ние сме луѓе, и ние сме нечие семејство, не го загрозувајте нашето здравје и здравјето на вашите и нашите семејства со непочитување на мерките.

Вработените во МВР вложија многу во овој период, ги ризикуваа животите, дел и заболеа од вирусот.

Да не дозволиме ширење на вирусот и загрозување на здравјето на сите граѓани, да ги почитуваме мерките и заедно да бидеме победници.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.