Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АЛЧНИ И СЕБИЧНИ ГАЗДИ, ВИНОВНИ ШТО РАБОТНИЦИ ЈА ЗАПОЧНАА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ПЛАТА

ССМ НЕМА ДА ОТСТАПИ ОД БАРАЊЕТО СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ПЛАТИ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО НА СМЕТКИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ

Недопустливо е работниците во време на Ковид-19 криза да останат без плати кои чесно си ги изработиле и без субвенциите обезбедени на наше барање од нашиот социјален партнер Владата.

Алчните газди по 5ти пат оставија работници без никаква егзистенција, а иако УЈП овој пат дејствуваше веднаш, се покажува дека и тоа не е доволно и дека и покрај сознанијата и информациите во јавноста кои ги изнесуваме и ние и државните институции за одговорноста за овој вид на злоупотреби, повторно има работодавачи кои немаат милост ниту спрема работникот ниту пак се плашат од државата и од казни.

Затоа, ССМ покрај паричните казни, бара и кривична одговорност, зошто законот е еднаков за сите и не познава газди, граѓани или работници, тој е еднаков за сите.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.