Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

7ми Април, Светски ден на здравјето

Во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Дарко Димовски им го честита 7ми Април, Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници во државата.

Во овие тешки времиња и услови на здравствена криза, здравствените работници се постојано во првите борбени редови, несебично борејќи се да го зачуваат здравјето на сите нас. За нивната посветеност и пожртвуваност им оддаваме длабока почит и искрено веруваме дека сите заедно ќе ја надминеме оваа стресна ситуација.

Принципите на хуманост, солидарност и еднаквост се во основата на функционирањто на синдикатите, а во овие тешки времиња, овие принципи добија универзално значење и станаа принципи од кои зависи опстанокот на сите луѓе во светот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.