Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

32 СЕДНИЦА НА ЕСС

Слика 1. 32 седница на ЕСС

Економско- социјалниот совет на Република Македонија ја одржа својата 32 седница на ден 27.2.2017 година во присуство на членовите на Советот, со претставниците од ССМ, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски  и потпретседателот, м-р Роберт Симоноски. Со седницата претседаваше претседателот на ЕСС, министерот за труд и социјална политика, г-динот Ибрахим Ибрахими, а беа разгледани повеќе точки од дневниот ред, меѓу кои беше усвоена годишната програма за работа на ЕСС, во која се предвидени повеќе активности на Советот, а прифатена како посебна точка за разгледување на една од седниците ќе биде и разгледување на Протоколот за социјален напредок во РМ доставен од Сојузот на синдикатите на Македонија.

На седницата беше разгледана и актуелната состојба во контекст на решението на заменетата техничка министерка Ременска, при што беше донесен и посебен заклучок со кој ЕСС го осуди чинот на донесување на решението за промена на лице за застапување и претставување во ССМ и на синдикатите учесници во таа постапка и оцени дека со тој чин се пречекорени овластувањата со оглед на тоа што истото е донесено врз основа на неверодостојна исправа, поднесена од неовластени лица, без соодветна постапка утврдена во соодветните акти и закони и тоа решение е во спротивност со одредбите од Конвенциите и Препораките на МОТ за слобода на здружување и немешање на властите во слободата на дејствувањето на синдикатите и работодавачите.

Во едногласно усвоениот заклучок, ЕСС го поздрави и чинот на министерот Ибрахими со кој го поништи решението на Ременска донесено спротивно на Конвенциите и Препораките на МОТ и спротивно на законската регулатива. Истовремено ЕСС ќе се залага во иднина доследно да се почитуваат меѓународните трудови стандарди и норми во однос на слободата на организирање и дејствување на социјалните партнери согласни постоечките Конвенции, Препораки на МОТ и други законски норми и акти на социјалните партнери.

Истовремено ЕСС се заложи за анализа и дополнување во законската регулатива со цел максимално да се оствари правото на слобода на организирање и дејствување на социјалните партнери.

ЕСС на оваа седница основаше и 4 постојани Комисии во рамките на ЕСС. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.