Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

20ти Конгрес на ССМ

ДАРКО ДИМОВСКИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ

20 Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа на 03.07.2020 година во А1 арена, спортски центар Борис Трајковски - Скопје, со почеток во 12.00 часот.

На 20 Конгрес на ССМ, од 108 Делегати од кои присуствуваа 91 Делегат, со 90 гласови ЗА и 1 глас ВОЗДРЖАН за Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија е избран Дарко Димовски.

Претседателот Димовски истакна дека силата на синдикатот е во соработка со другите синдикати, нивната солидарност и заеднички настап, треба и мора да се продлабочат заедничките активности на синдикатите во државата.

Наша заложба како синдикат ќе биде да ги заштитиме работниците но и да ги информираме, мотивираме и оспособиме, за нивните права од работен однос но и да го сфатат значењето и потребата од зголемување на продуктивноста на трудот, континуирано стекнување на знаења и вештини адекватни на техничко- технолошките промени и развој за да можат брзо и ефикасно да се прилагодат на потребите и барањето на пазарот на труд.
Посебна грижа како синдикат ќе посветиме на ранливата категорија на населението, жените, долгорочно невработените, лицата со попреченост и сл.
Што се однесува до младите, тие се посебен таргет на ангажманот на ССМ, ќе настојуваме преку нашето активно учество и придонес за креирање на развојни политики и унапредување на работничките права, младите да бидат помотивирани да останат во Државата и да се намали бранот на иселување на млади лица од земјата, затоа што тие се нашата иднина.

Приоритетен ангажман на ССМ за наредниот период ќе бидат активностите во насока на обезбедување на побрз и поголем економски развој на Државата. Со своите мерки и предложени решенија, ССМ ќе настојува да даде активен придонес како релевантен социјален партнер во државата за создавање на економска основа која ќе обезбеди намалување на сиромаштијата, повисок стандард и социјална сигурност за граѓаните.

Акцент ќе биде ставен на:

▶️Економски развој, намалување на сиромаштијата и повисок стандард, социјална сигурност

▶️Унапредување на работно правното законодавство

▶️Развој на социјалниот дијалог и колективното договарање

▶️Здрави и безбедни услови за работа во компаниите, нулта толеранција за сите облици на дискриминација и вознемирување на работно место, поголема општествена одговорност на компаниите и грижа за заштита на човековата
околина

▶️Бесплатна правна заштита

▶️Мобилизација на членство, едукација, обуки, информирање

▶️Синдикална соработка, соработка со граѓански сектор

20 Конгрес на ССМ за прв пат беше спроведен во специфични околности и задолжително се почитуваа Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на КоронавирuсCOVID-19 и Протоколот за одржување на седници на органи н управување и конференции.

Поради состојбата со КОВИД 19, на Конгресот приствуваа само Делегатите и Делегатите по функција, но свои видео обраќања до ССМ и Делегатите имаа Шаран Бароу, Генерален секретар на ITUC, Лука Висентини, Генерален секретар на ETUC, Магнус Берге, виш специјалист за работнички права од МОТ, Рајнер Хофман, Претседател на DGB, Ева Елерајт, Директор на канцеларијата на ФЕС Скопје, а исто така беа упатени и многу честитки од нашите братски синдикати.

Силата на синдикатот е и во неговата, бројност, стручност, обученост и информираност.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.