Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

16 ДЕКЕМВРИ- ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 50 ГОДИШНИНАТА ОД ДОНЕСУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАКТ ЗА СОЦИЈАЛНИ ПРАВА

16.12.2016

На 16 декември 1966 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои два меѓународни договори кои засекогаш ќе ги обликуваат меѓународните човекови права: Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права (ICESCR) и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (ICCPR).

Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права го утврдува правото на работа, праведни и фер услови за работа, слободата на здружување и го признава правото на штрајк.

Овој ден претставува значаен ден за синдикалното движење ширум светот и во своето обраќање по повод одбележувањето на овој ден, генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати, Лука Висентини, меѓу другото, истакна:  "Меѓународниот пакт за социјални права претставува пресвртница во правата на работниците ширум светот. Но, сепак, 50 години подоцна, тој се уште не е соодветно спроведен дури ни во ЕУ. Тој треба да биде задолжително четиво за судиите во Европскиот суд за правда и креаторите на политики насекаде и воедно треба да постои соодветно воспоставен систем за жалби во ЕУ доколку овој Пакт не се почитува".

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.