ВТОР КОНГРЕС НА ИТУЦ
Во Ванкувер, Канада, од 21 до 26 јуни се одржа вториот Светски конгрес на Меѓународната конфедерација на синдикатите...
Во Ванкувер, Канада, од 21 до 26 јуни се одржа вториот Светски конгрес на Меѓународната конфедерација на синдикатите (ИТУЦ). На конгресот учествуваа повеќе од 1.400 делегати од 155 земји од светот.
Под мотото “А сега луѓе“ на конгресот се расправаше за иднината на синдикалното движење, економската криза, глобалната правда и за други теми. Усвоени се резолуции за мир, за младите, за човечките и синдикалните права и за еднаквоста.
За главна секретарка на ИТУЦ е избрана Шејран Бјуроу, додегашната претседателка на ИТУЦ и на Австралискиот совет на синдикати (ACTU). За претседател на ИТУЦ е избран Мајкл Сомер, претседател на Германската конфедерација на синдикати (DGB).
Меѓународната конфедерација на синдикатите е основана во 2006 година и здружува 311 синдикални организации од 155 земји, со вкупно 175 милиони членови.








