КРИЗАТА ГО МЕНУВА СТАВОТ КОН КАПИТАЛИЗМОТ
Дури и менаџерите одобруваат посилна контрола на државата врз стопанството и посебно кон банките...
Според истражувањето на Economist Intelligence Unit (EIU) 60 отсто од испитаниците сметаат дека сегашната криза од темел го промени капитализмот. Поддршка на поголем надзор на државата над економијата даваат 65 отсто од испитаниците, додека 70 отсто посебно ги поддржуваат интервенциите ан државата во банкарскиот сектор, во што е вклучена национализација на банките.
Истражувањето на EIU покажува дека сегашната глобална криза од темел ги промени ставовите кон капитализмот. Исто така може да се констатира дека после завршувањето на кризата капитализмот ќе изгледа поинаку од оној кој досега се познаваше и за многумина беше непроменлив.
Новиот капитализам ќе подразбира значително поголем ангажман ан државата во економијата, повеќе документација и помалку претприемачки слободи. Накусо, појавите кои досега за повеќето економисти беа неспоиви со слободното пазарно стопанство.
Токму тоа го тврдат повеќето директори и стручњаци поврзани со познатиот лондонски The Economist, кои неодамна учествуваа во истражувањето на EIU. Лондонскиот институт анкетираше 418 менаџери, од кои бараше мислење за рамките на новиот капитализам.
Исти како во време на Големата економска криза во 1930 година, сегашната криза трајно го промени начинот на кој властите и деловните луѓе го гледаат целиот свет, оцени еден од испитаниците.
Скоро три петтини од анкетираните сметаат дека сегашната криза неповратно го промени образецот на капитализмот, каков што светот го познаваше минатите три децении. Анкетираните менаџери сметаат дека во времето пред нас можеме да очекуваме повеќе интервенции на владите во стопанството, поголем економски национализам и протекционизам и помали ризици во стопанисувањето, но и побавен економски раст. Интересно е што повеќето испитаници ја поздравуваат “новата реалност“, која вклучува мешање на државата во банкарскиот сектор, па дури и поголемата “хартиологија“, која беше ноќен кошмар за повеќето претприемачи. Од друга страна, појавите како слободната трговија и слободниот пазар, со кои управува “невидливата рака“ на пазарното стопанство, не се повеќе во мода, затоа што и самите менаџери либералниот капитализам го сметаат за историја.
Се залагам за посилен надзор над банките, дури и ако тоа значи побавен економски раст, додава еден менаџер. Повеќето испитаници, дури 70 отсто, очигледно се сложуваат со него. Тие ги поддржуваат ангажманот на државата во банкарскиот сектор, вклучувајќи ја и национализацијата на банките. Исто така многу испитаници веруваат дека психолошките последици на рецесијата ќе се чувствуваат со години. Тие се свесни дека ќе мораат да се прилагодат на новите околности, но дека позитивна страна е што ризикот за работење ќе биде намален.








