Секција на жени при ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Секцијата на жени при ССМ е формирана на 29.11.200 година, со Одлука на Советот на ССМ, по член 8 точка 6 од Статутот на ССМ.

Скратен назив е СЖССМ.

Членки на Секцијата на жени се членовите жени на синдикатите.

Секцијата на жени дејствува во рамките на ССМ врз основа на сопствена Програма и Правила на организирање на работата на секцијата, како и врз основа на Статутот и програмата на ССМ.

Според Програмата целите на Секцијата на жени се: афирмирање на улогата на жената во општеството, борба против половата дискриминација, рамноправно учество на жените во општествените, политичките, економските процеси и влијание врз сите други состојби што се однесуваат на положбата на жените. Секцијата учествува во повеќе проекти за правата на жените во земјата. Исто така остварува висока застапеност на низа меѓународни проекти од областа на положбата на жените во современиот свет.

Секцијата на жени има сопствена жиро сметка, печат, штембил, посебна канцеларија и сите услови потребни за работа.

Административно - техничките и финансиско - материјалните работи се извршуваат од службите на ССМ.

Претседател на Секцијата на жени е Гордица Бошковска, дипломиран правник од РСС - Куманово.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU Balkan Children & Youth foundation University of Ljubljana ETUC