Секција на млади при ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

radojka_helman_denkovska

Претседател на Секцијата на млади е Радојка Хелман Денковска

Секцијата на младите при ССМ, согласно чл. 8, т. 6. од Статутот на ССМ, е формирана со Одлука на Советот на ССМ на седницата одржана на 24.01.2002 год. како работно тело на Советот на ССМ, пред кого во своето работење е одговорна. Членови на Секцијата се младите членови на синдикатите здружени во ССМ.

Орган на Секцијата е Извршниот одбор, кој брои 18 членови и во кој секој синдикат здружен во ССМ делегира по еден свој претставник.

Конститутивната седница на Извршниот одбор се одржа на 26.04.2002 год., на која е извршена верификација на мандатите на членовите на Извршниот одбор од синдикатите се усвоија и основните документи за работа на Секцијата: Програмата за работа на Секцијата, Деловникот за работа на Извршниот одбор и Правилата за организационата поставеност на Секцијата на млади.

Координативното тело на Секцијата на млади при ССМ го сочинуваат пет членови на Извршниот одбор, и тоа: Зоран Јосифовски; Виолета Грбевска; Бранко Атанасовски; Игор Трајановски и Благоја Симоновски.

Со оглед на значењето на прашањето на едукацијата на синдикалниот кадар и членството, Секцијата на млади во соработка со Центарот за синдикално образование и оспособување на синдикалниот кадар при ССМ презема активности за оспособување на младите синдикални кадри. Се дојде до повеќе сознанија за проблемите со кои се соочуваат младите, а пред сé: ниските плати, несоодветни услови за работа, прекувремена неплатена работа, прераспоредување на работни места несоодветни на образованието, итн. Овој начин на одржување на семинари е општо прифатен и е искажана потреба од интензивирање на овие активности.

Членовите на Секцијата на млади учествуваа на повеќе меѓународни семинари, меѓу кои Меѓународниот семинар во Торино, на тема: “ Системи на управување со заштитата при работа”, на Петтата меѓународна конференција во Оберурсел, СР Германија, “На Исток излегува сонце” - проширување на ЕУ кон Исток, а на конференцијата “Односи со јавноста и интерното информирање на членството што се одржа во Скопје,. Во организација на Меѓународната организација на слободните синдикати - ИЦФТУ, Канцеларија за Југоисточна Европа, со седиште во Сараево, делегација на секцијата присуству на тридневен семинар во Сараево.

Во зградата на ССМ, Секцијата на млади има своја канцеларија, има своја жиро сметка, печат, штембил, како и сите други потребни услови за работа.

И понатаму е примарно ширењето на мрежата на Секцијата на млади. Во неколку грански синдикати се донесени одлуки за формирање секција на млади, а во Синдикатот на УПОЗ е конституирано Претседателството на Секцијата на млади. Се остварија и почетни активности за поставувањето за мрежата на Секцијата на ниво на основни организации и регионалните синдикални организации.

Претседател на Секцијата на млади е Радојка Хелман Денковска.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU Balkan Children & Youth foundation University of Ljubljana ETUC