Сектор за меѓународна соработка
Задачи на Секторот за меѓународна соработка се:
- продолжување на соработката со национални синдикални централи и меѓународни синдикални организации;
- интензивирање на активностите за соработка и интеграција во светското синдикално движење, посебно во Европската конфедерација на синдикати и Меѓународната организација на слободни синдикати;
- развивање и зацврстување на веќе започнатата соработка со Меѓународната организација на трудот;
- интензивирање на активностите за зачленување во меѓународните синдикални организации кои се отворени и изразуваат готовност за соработка и партнерство;
- подржување и вклучување во секоја поширока акција на меѓународните синдикални организации и асоцијации и на националните синдикални централи во знак на солидарност и социјална правда.








