Сектор за организациски развој, зачленување и мобилизација на членството, комуникација, медиуми

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

Inda-Savic

Секретар на секторот е Инда Савиќ.

Секторот   ги врши следниве задачи:

Организациски развој

  • континуирано ја следи и анализира организационата поставеност на Сојузот на синдикатите на Македонија, начинот на нејзиното функционирање и во таа смисла дава препораки и мислења за влијанието во остварување на основните програмски цели и задачи;
  • се грижи за примената и заштитата  на уставно загарантираните синдикални права и слободи и  принципот на доброволност во  организирањето и  здружувањето;
  • предлага начини и методи на зачувување на единството и заедништвото на членството на сите нивоа на организираност и изградба на ССМ како организација на здружени синдикати;
  • ја развива соработката  и практикува позитивни искуства од европското и светско синдикално движење со цел за  осовременување на методите на дејствување и изградба на синдикат кој ќе биде дел  од општиот  глобален систем на организација и дејствување на синдикалното движење;
  • дава мислење за прием, истапување и исклучување на членките од Сојузот, како и за спојување, односно окрупнување на синдикатите;
  • се ангажира за спроведување на одлуките и заклучоците на органите на Сојузот на синдикатите на Македонија;
  • соработува со синдикатите во остварување на целите и задачите утврдени во Програмските насоки и резолуциите усвоени на Конгресот;
  • ги организира седниците на Статутарната комисија и подготвува работни материјали;
  • ја координира работата на регионалните синдикални совети;
  • ја координира работата на Секцијата на жени и Секцијата на млади при ССМ;
  • ја развива соработката со социјалните партнери и се ангажира за унапредување на работата на Економско-социјалниот совет;
  • обмислува и  предлага начини на користење на средствата на синдикална борба, вклучувајќи го штрајкот, социјалните јавни протести и сл.
  • остварува  соработка со невладини организации и здруженија на граѓани и политички партии за прашања од интерес за членството;

Зачленување и мобилизација на членството

  • во соработка со синдикатите и регионалните синдикални совети утврдува стратегија и презема активности за синдикално организирање на работниците во трговските друштва и установите.
  • води единствена евиденција на синдикалното членство по синдикати, региони и синдикални организации во базата;
  • континуирано го следи и  анализара прибирањето на членарината  и учествува во разрешувањето на  проблемите што се јавуваат на овој план;
  • придонесува во развивањето на воспоставената мрежа на комуникација и активности меѓу членовите на синдикатите на сите  нивоа на организирање;

Комуникации и медиуми

  • го организира информирањето во Сојузот на синдикатите на Македонија;
  • го информира членството и јавноста за активностите на сите нивоа на синдикалното организирање во рамките на ССМ преку: издавање на гласилото на ССМ “Синдикален живот”; организирање прес-конференции, брифинзи и средби со новинари; подготовка на соопштенија, известувања, информации; редовни контакти со електронските и печатени медиуми и агенции;
  • подготвува информативен материјал за синдикалното членство и јавноста;
  • подготвува информации за седниците на Советот на ССМ за активностите на ССМ помеѓу две седници;
  • подготвува информативни материјали за активностите на ССМ и ги доставува до меѓународни синдикални организации, асоцијации и национални синдикални централи;
  • ги документира објавените материјали во печатените и електронски медиуми;
  • се ангажира за отворање и  креирање на Веб страна на ССМ и нејзино надградување;
  • организира обука за односи со јавноста и значењето на информирањето со која се опфаќаат гранските синдикати, регионалните и основните синдикални организации;
  • спроведува анкети меѓу членството на различни теми според потребите на ССМ и синдикатите и др.
ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU Balkan Children & Youth foundation University of Ljubljana ETUC