Сектор за економски, социјални прашања и колективно договарање

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

liljana_jankulovska

Лијлана Јанкуловска, раководител на секторот

Секторот  за следење и проучување на економско-социјалните состојби и колективното договарање ги остварува следните активности:

  • континуирано ги следи состојбите во  економско-социјалната сфера во Републиката  кои непосредно влијаат врз материјално-социјалната положба на работниците. Ги проучува микро и макро економските проекти на Владата на РМ и  го следи спроведувањето на социјалната политика на државата. Во тие рамки врз основа на стекнатите сознанија и  податоци подготвува информации, осврти и анализи и иницира активности, дава мислења, препораки и предлози до органите и телата на ССМ;
  • активно се ангажира во донесувањето и спроведувањето на политиките за вработување и намалување на невработеноста преку Националната стратегија за вработување и Националниот акционен план за вработување;
  • ги следи движењата и состојбите со платите и надоместоците на плата во функција на подготовка на активностите на ССМ за  зачувување и унапредување на животниот стандард на работниците;
  • учествува во активностите околу изготвувањето, потпишувањето  и следењето на примената на општите колективни договори;
  • го следи остварувањето и усогласувањето на посебните колективни договори на ниво на гранка и дејност и поединечните колективни договори на ниво на работодавач, од аспект на доследно почитување и остварување на правата на работниците од работниот однос;
  • подготвува мислења и толкувања по одредбите од колективните договори;
  • подготвува мислења и предлози по законите и другите акти од економско-социјалната сфера и го следи нивното спроведување;
  • го следи остварувањето на професионалната рехабилитација, преквалификација и продуктивно вработување на инвалидизираните лица;
  • преку контакти со преставници на социјалните партнери активно се вклучува во остварувањето на социјалниот дијалог во доменот на општествено-економските односи и колективното договарање и иницира прашања и предлози од овие сфери  пред Економско социјалниот совет;
  • за прашања од својот делокруг на работа се вклучува во соработката на ССМ со другите синдикални организации на национално и меѓународно ниво;
  • се ангажира во спроведување на одлуките и заклучоците на органите и телата на ССМ од својата област;
ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU Balkan Children & Youth foundation University of Ljubljana ETUC