Статутарна комисија

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта


Членови на Статутарната комисија се:

  • Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ)
  • Елизабета Величковска, потпретседател, Синдикална организација “Македонски пошти“ – Скопје
  • Синдикат на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ)
  • Јово Младенов, Здравствен дом Букурешт“
  • Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ
  • Младен Чичаковски, ДСМУ “Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје
  • Мултиетнички синдикат за образование на РМ (МЕСО)
  • Зоран Димитровски, ОВР Кратово
  • Македонски полициски синдикат (МПС)
  • Кире Шушевски, ЈП “Македонски шум“, Подружница “Преспа дрво“ – Ресен
  • Синдикат на работниците од шумарството, дрвна индустрија и енергетика на РМ
  • Оливера Крстевска, “Технометал Вардар“
  • Синдикат на работниците од трговијата на РМ (СРТ)

Статутарната комисија е орган на ССМ и брои 7 члена, кои ги избираат синдикатите согласно Одлуката на Советот на ССМ за бројот и составот на Статутарната комисија, а Конгресот врши верификација.

Функции на Статутарната комисија:

  • со овластување на Советот дава толкување и образложение на Статутот;
  • на барање на органите на синдикатите и ССМ дава мислење за споровите меѓу два и повеќе синдикати, односно меѓу ССМ и синдикатите за статутарни прашања;
  • дава мислење за усогласеноста на актите на ССМ со Статутот;
  • ја следи примената на Статутот и подготвува измени и дополнувања;
  • врши други работи во врска со примената на Статутот.

Статутарната комисија има претседател кој го избира Статутарната комисија од редот на своите членови.

Статутарната комисија работи врз основа на Статутот и Деловник за работа.

Статутарната комисија одлучува со мнозинство гласови од членовите на Комисијата.

Органите и телата на ССМ и синдикатите задолжително расправаат по даденото мислење од страна на Статутарната комисија во рок од 3 месеци.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU Balkan Children & Youth foundation University of Ljubljana ETUC