Надзорен одбор

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
Претседател: Добре Блажевски АД “Бетон“ – Скопје

Ленчо Тимов “Југотутун“ АД “Домати - Свети Николе
Предраг Рашовиќ “Топлификација“ – Скопје
Мирјана Тевдовска “Тетекс“ – Тетово
Душко Петровски “Поштенска банка АД“ - Скопје

Надзорниот одбор врши надзор и контрола во остварувањето на политиката на финансирањето на ССМ, распределбата и употребата на материјално-финансиските средства со кои располага ССМ.

Надзорниот одбор се состои од 5 члена и 5 заменици кои ги избираат синдикатите согласно Одлуката на Советот на ССМ за бројот и составот на Надзорниот одбор, а Конгресот врши верификација.

Надзорниот одбор најмалку еднаш на шест месеци врши контрола и ревизија на вкупното финансиско работење, примената на одлуките, правилникот, податоците на книговодствената евиденција за прибирање и користење на средства. За извршената ревизија се составува записник и истиот се доставува до органите на ССМ.

Надзорниот одбор има право и без претходно најавување да изврши контрола на финансиското работење.

Органите на ССМ се должни да овозможат увид во документацијата со која се докажува правилноста на целокупното материјално и финансиско работење.

Надзорниот одбор учествува во работата на Конгресот и поднесува извештај за својата работа.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU Balkan Children & Youth foundation University of Ljubljana ETUC