ОБУКА НА ТРЕНЕРИ ЗА МОБИНГ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

thumb_04.03.2011_obuka_mobng04.03.2011

Од 20 до 23 март во Скопје ќе се одржи обука на тренери за мобинг. Организатор е Синдикатот за финансиски дејности, додека предавачи се Снежана Васиљевиќ и Елвира Коиќ...

Нешто сигурно ќе пукне - денес моливот, утре здравјето

 

04.03.2011_obuka_mobng
Нешто сигурно ќе пукне - денес моливот, утре здравјето

Во организација на Синдикатот за финансиски дејности на Македонија (СФДМ) од 20 до 23 март, во хотелот “Сити парк“ во Скопје, ќе се одржи обука на тренери за мобинг. Обуката ќе ја водат доктор Снежана Василевиќ и примариус Елвира Коиќ.
На четиридневната обука ќе се обработуваат областите: едукација за мобинг, односно проблемот на дефинирањето, правната регулатива, здравствените и општествените последици, препознавањето и отстранувањето на ризикот за настанување на мобингот, начините на превенција, процесот на пријавување на формалниот и неформалниот мобинг.
Целта на проектот е едукација на тренери, кои понатаму ќе одржуваат обуки на синдикалните повереници и на вработените. Темелните и долгорочни цели на целиот проект се превенција на мобингот, облиците на пружање отпор од страна на жртвите, процедурите кои треба да се следат во санкционирањето на мобингот, достапноста до информации за и околу мобингот, како и едукација на ЕУ – политиките за обезбедување здраво и сигурно работно опкружување и услови за работа.

Оваа обука се одвива во рамките на регионалниот проект “Мрежа за здравје и заштита при работа“. Во регионалниот проект, кој е започнат пред повеќе од една година, се вклучени финансиските синдикати од Македонија, Србија и Црна Гора. Лидер на проектот е “Удруга мобинг“ од Хрватска, додека целиот проект е дел од Регионалниот проект на ЕУ Програмата ИПА 2008.

На 21 декември 2010 година во ССМ е отворена Канцеларија за помош на жртвите од мобинг, како заеднички проект на Сојузот на синдикатите на Македонија и СФДМ. Целта на канцеларијата е овозможување помош на жртвите на психичко малтретирање на работните места. Проектниот тим на канцеларијата го сочинуваат правници, психолози и експерти од други области.
Од отворањето досега во Канцеларијата се обработени вкупно 18 предмети. Од нив три случаи се решени позитивно, односно тие лица се вратени на работа после разговорите со работодавачите. За други три случаи се поведени правни постапки, додека останатите се уште се документираат и исто така се утврдуваат можните начини за интервенција и помош.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc